(ВИДЕО) Најмалку едно лице загина во експлозија во продавница за играчки во Москва

Од:

Најмалку едно лице загина во експлозија на плинска боца во една од најпознатите продавници за играчки во Москва, објавија руските државни новински агенции. Експлозијата се случила во Централната детска продавница, позната на Русите со генерации како Детски свет. Продавницата се наоѓа на познатиот плоштад Лубјанка, во непосредна близина на седиштето на Федералната служба за безбедност (ФСБ), агенцијата наследник на КГБ од советската ера.

Целата зграда, во која се наоѓаат продавница за играчки, бројни ресторани, продавници и кино, веднаш беше евакуирана, потврдија медиумите. Според првите неофицијални информации објавени од каналот на Телеграм „Меш“, експлодирала боца со хелиум.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Членството на Украина во НАТО е неприфатливо

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Москва предлага пакт со НАТО

Шпанија: Еден специјалец е мртов, а на друг му е ампутирана ногата – настрадаа додека проверуваа сомнителен ранец

(ВИДЕО) Има мртви и ранети во експлозија која се случи во челичарница во Измир

Горан Наумовски