Едно лице загина, а десетина се водат за исчезнати по експлозија во станбена зграда на британскиот остров Џерси, пренесоа британските медиуми. Полицијата го пребарува местото на настанот во Сент Хелиер.
Од полицијата велат дека пожарот е изгаснат, но итната помош се уште е на терен. Областа на несреќата е опколена, а полицијата ги замолува граѓаните да ја избегнуваат.
At least six flats are believed to have been destroyed at Haut du Mont after an explosion in Jersey's capital, St Helier, just before 4am.
Latest updates: https://t.co/sFYt1wweCE pic.twitter.com/FkKCpI2exX— ITV Channel News (@ITVChannelTV) December 10, 2022
Робин Смит, началник на полицијата во државата Џерси, рече дека полицијата примила извештаи за „голема експлозија“ околу 4 часот наутро.
Тој рече дека едно лице е убиено, а две лица, за кои рече дека се ранети, завршиле во болница.
„Се разбира, има и голем број други лица кои се водат за исчезнати и затоа е започната операција за пребарување и спасување“, рече тој.
Смит додаде дека меѓу 20 и 30 луѓе евакуирани од областа биле однесени во градското собрание на Сент Хелиер. Тој наведува дека е тешко да се процени бројот на исчезнати со оглед на тоа колку зградата е уништена.
„Во моментов бараме десетина од нив, но тој број може да се промени“, рече тој.