(ВИДЕО) Најмалку 51 лице загина откако автобус падна од мост во Гватемала

Од:

Бројот на загинати во несреќата во Гватемала Сити, кога автобусот падна од мостот, се искачи на 51, објави денеска локалниот весник „Пренса Либре“.

Претходно медиумите објавија дека во несреќата загинале најмалку 30 лица.

Автобусот се движел по прометна рута во главниот град на Гватемала кога паднал од мост во зона 6, кој поминува низ пат и река.

Пожарникарите спасиле неколку лица кои паднале во реката од мостот, а спасувачките служби се уште се на терен.

Би можело да ве интересира

Возило излетало на железничка пруга, повредени се две лица кои ги извлекувале пожарникари

A1on

Петмина Македонци повредени во сообраќајка кај Солун

Тешка сообраќајна несреќа во кратовско – жена загина, двајца повредени

Жарко Настоски