Најмалку 50 лица загинаа, а 20 се повредени во пожар што зафати болница во која се лекуваат заразени со Ковид-19 во ирачкиот град Насирија, јави ирачката државна новинска агенција ИНА.
Министерството за здравство соопшти дека потрагата по преживеаните во болницата Ал-Хусаин продолжила откако пожарот бил ставен под контрола.
Медицински извори велат дека бројот на жртвите може да се зголеми затоа што многу пациенти се водат како исчезнати.