ВИДЕО: „Најки“ во кампања против расизмот

Од:

Во екот на протестите против расизмот и полициската бруталност во САД, американскиот производител на спортска опрема „Најки“ покрена кампања под слоганот „Не прави го тоа” (Don’t do it). Тоa е, всушност, изменета верзија на она познатото „Направи го тоа“ (Just do it).

Демонстрантите ширум САД излегоа на улица по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој практично беше убиен при приведување во Минеаполис, Минесота, бидејќи полицаецот му ја држеше својата нога на вратот.

„Овојпат – не прави го тоа… Не преправајте се дека нема проблем во Америка. Не вртете му го грбот на расизмот. Не прифаќајте да се одземаат недолжни животи. Не наоѓајте веќе изговори. Немојте да мислите дека вас тоа не ве засега… Ајде сите да бидеме дел од промената!“, порача компанијата „Најки“ во видеопорака поставена прво на Твитер, а потоа и на Јутјуб. Пораката е испишана со бели букви на црна позадина.

Во знак на солидарност, компанијата Адидас ја го сподели видеото со своја порака – „Само заедно ќе одиме напред. Заедно водиме до промени”.

Оваа кампања не е прва со која „Најки“ зачекори во областа на политичко-општествената правда во САД. Во септември 2018, Најки предизвика лавина реакции објавувајќи неколку реклами со рагбистот Колин Каперник, во време кога тој беше критикуван затоа што не станал при едно изведување на американската химна, токму во знак на протест против расизмот.

Би можело да ве интересира

Поранешен полицаец прогласен за виновен за помагање и поттикнување на убиството на Џорџ Флојд

Ана Ололовска

Поранешниот полицаец Томас Лејн призна вина во случајот за убиството на Џорџ Флојд

Ана Ололовска

Дерек Шовин ја обжали пресудата за убиството на Џорџ Флојд

Ана Ололовска

ВИДЕО: Полицаецот кој го уби Џорџ Флојд доби 22 години затвор

Жарко Настоски

Обвинителството во Минесота побара 30 години затвор за поранешниот полицаец Дерек Шовин

Ана Ололовска

Американското Министерство за правда отвори истрага против полицијата во Минеаполис

Жарко Настоски