(ВИДЕО) Над 600 лица се уапсени на протестите во Париз, полицијата тврди има голема материјална штета

Од:

Француската полиција изврши 675 апсења по протестот „Блокирај сè“, од кои 280 во регионот на Париз, објави денес француското Министерство за внатрешни работи. Во соопштението се вели дека 549 ​​лица останале во притвор, вклучувајќи 164 во Париз. Според министерството, 13 припадници на безбедносните сили биле полесно повредени.

Се наведува дека најмалку 175.000 луѓе учествувале во протестите „Блокирај сè“, а низ целата земја се одржани 550 собири, објави BFMTV.

Според организаторите на протестот, на протестот во Гренобл учествувале 30.000 демонстранти, кои најавија нови блокади почнувајќи од денес во 6 часот наутро на влезот во градот, додека според полицијата, на протестот учествувале 11.000 луѓе.

Полицијата соопшти дека десет лица се уапсени за време на протестот во Марсеј, и дека два излози се оштетени за време на протестот во тој град, а 24 контејнери се запалени.

Парискиот обвинител Лоре Беко објави дека ќе биде покрената истрага по пожарот во корејски ресторан во квартот Шателе, кој „може да биде поврзан со полициската интервенција“.

Според неа, „со оглед на моменталните информации, може да станува збор за случаен пожар предизвикан од интервенција на органите за спроведување на законот“.

Истрагата е доверена на територијалната безбедносна служба.

Демонстрантите низ цела Франција вчера го прекинаа сообраќајот, палеа контејнери и повремено се судираа со полицијата, обидувајќи се да „блокираат сè“ во знак на протест против францускиот претседател Емануел Макрон, политичкиот естаблишмент и планираните намалувања на буџетот.

Би можело да ве интересира

Бардела ги отфрли обвинувањата за расизам: Франција е меѓу најмалку расистичките земји во светот

(ВИДЕО) Речиси 300 повредени во протестите во Франција, блокирани 49 училишта

Горан Наумовски

Франција: Полицијата тврди дека 600.000 граѓани се на улиците, додека синдикатите бројат 1,6 милиони луѓе

Горан Наумовски

Франција: 270.000 луѓе на улиците, универзитетите блокирани, запалени контејнери за ѓубре

Париз не се откажува од солзавецот и шок-бомбите: Полицијата мора да се брани

(ВИДЕО) Хаос на улиците во Германија: Демонстрантите фрлаа молотови коктели врз полицијата и ограбуваа продавници

Горан Наумовски