ВИДЕО: Над 510 повредени во аквапарк во Тајван

Од:

Дури 516 лица се здобија со повреди откако дојде до експлозија во еден забавен парк во близината на тајванскиот главен град Тајпеј, пренесува ТАСС.

Според најновите информации од локалните здравствени власти, на интензивна нега се најмалку 180 повредени, а повеќето од нив се помлади лица. Во болница вкупно се задржани 410 лица.

До силна детонација дошло околу 20.30 часот по локално време, за време на голема забава, на која присуствувале околу илјада луѓе. Во еден момент, врз лицата кои се забавувале, било испуштено поголемо количество спреј во боја, со цел да ја поттикне забавата, но тој спреј нешто запалил и вивнало во оган.

Се формирала голема огнена топка, а потоа општа паника, при што повредените се изнесувани на импровизирани носила. Дел од повредените се со изгореници, додека дел вдишал од спрејот, па се соочуваат со респираторни проблеми.

– Имаше крв, гледав луѓе како горат, сведочи еден од повредените.

На местото на настанот пристигнаа голем број интервентни возила, а во помош дојде и војската.

Иако истрагата за причината за експлозијата е на почеток, засега се претпоставува дека до детонацијата дошло поради високата температура. На распит во полиција задржани се организаторот и двајца техничари.

Забавниот парк сега е затворен, а властите веднаш ја забранија употребата на спреј во боја на забави.

Би можело да ве интересира

Тајван: Ја повикуваме Кина да се соочи со реалноста

Вилијам Лаи е новиот тајвански претседател

Горан Наумовски

Тајван: Кина испраќа шпионски балони над нашиот остров, тоа е психолошка војна

Силен земјотрес го погоди Тајван

САД му испраќа оружје во Тајван

Пентагон: Стејт департментот одобри продажба на воена опрема за Ф-16 на Тајван