ВИДЕО: Над 30 мртви во масакрот во центарот на Суми

Од:

Најмалку 31 лице загина во напад на руската балистичка ракета врз градот Суми во североисточна Украина, што се случи утринава. Меѓу загинатите има и две деца. Најмалку 84 лица се повредени, меѓу кои десет деца.

Како што потврдија украинските власти, во нападот бил погоден тролејбус, а нападот бил извршен со балистичка ракета „Искандер-М“.

На бруталниот напад реагираше и украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Без притисок врз агресорот, мирот не е можен. Разговорите никогаш не ги запреа балистичките ракети и воздушните бомби. Русија треба да биде третирана онака како што заслужуваат терористите“, рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

Захарова: Ги предупредивме балтичките земји, ако имаат барем малку разум, ќе послушаат

ВИДЕО: Жесток украински напад на Русија, половина милион домаќинства останаа без струја

Зеленски призна: „Ситуацијата е напната“

Русија ќе одговори ако Украина ја нападне од воздушниот простор на друга земја

Украински дронови се урнаа во Финска

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Оштететениот руски танкер неконтролирано плови во Средоземното Море, влезе во либиски води