ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Од:

Над 2.000 анти-ЛГБТ демонстранти упаднаа на Парадата на гордоста во главниот град на Грузија, Тбилиси во саботата, принудувајќи ги да го откажат настанот.

Хомофобијата сè уште е широко распространета во Грузија, па нападот врз ЛГБТ популацијата го водеа десничарски демонстранти, меѓу кои имаше православни свештеници. Тие се судрија со полицијата, излетаа на бината ги и запалија знамињата со виножито.

Организаторите и претседателот на Грузија го обвинија говорот на омраза против ЛГБТ што му претходеше на настанот и рекоа дека полицијата не успеала да ги заштити посетителите на фестивалот.

Грузискиот претседател Саломе Зурабишвили изјави дека владејачката партија “Грузиски сон“ не ги осудува своите следбеници кои отворено поттикнуваат агресија против ЛГБТ активистите.

Министерот за внатрешни работи Александар Дарахвелидзе, сепак, тврди дека на полицијата и било тешко да ја обезбеди големата површина каде што се одржувал фестивалот.

„Ова беше отворен простор, учесниците на протестот успеаја да го заобиколат обезбедувањето и да најдат други начини да влезат на местото на одржување. Сепак, успеавме да ги евакуираме учесниците и организаторите од областа, нема повредени“, рече тој.

Учесниците на настанот беа однесени на безбедно со автобуси, објави новинската агенција Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

„Спектакуларно непослушни“ – Парада на гордоста во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради „Парадата на гордоста“

Катерина Ѓуровски

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

Епископот Јаков со одговор до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Предраг Петровиќ