На интернет се појави видео за кое се тврди дека е од место каде што паднал метеорит во Русија.
Видеото, објавено вчера е снимено во близина на реката Буреја во областа Хабаровск на далечниот исток. На него се гледа како големи парчиња земја ја блокирале замрзнатата река.
Земјата е покриена со паднати дрвја и снег.
– Планина на сред море, вели човекот што го снима видеото и додава дека делови од ридот „паднале“ во реката и формирале „брана“ по ударот на метеоритот.
Тој исто така забележува дека на околните ридови нема дрва, поради што сугерира дека и тие исто така биле паднати од метеоритот.
Локалните власти соопштија дека чудните поместувања на земјата биле пријавени од ловџии.
– Претпоставуваме дека станува збор за удар на метеорит, но не можеме да носиме заклучоци, велат тие.
Два тима го испитуваат местото и мерат за радијација. Според нив, настанот се случил пред неколку дена, но сега е откриен бидејќи локацијата е далеку од населени места.
– По се изгледа дека метеоритот бил огромен, велат локалните власти.
Руските служби за безбедност соопштија дека немаат информации за удар на метеориот.
Официјалната верзија за тоа што се случило, властите реакоа дека ќе ја објават во текот на неделата, а на социјалните мрежи се водат дебати за тоа дали станува збор за метеорит или нешто друго.
– Морало да биде огромен метеорит, но никој не забележа ништо. Доколку толку голем камен падне од вселената, ќе го слушневме, вели еден скептик на приказната.