Кога на еден маж во метрото во близина на австралискиот град Перт му се заглави ногата ппомеѓу возот и перонот, патниците ги здружија силите да кренат дел од возот за да му помогнат.
Брзајќи да не го испушти возот, на станицата Стирлинг, при влегувањето, мажот се слизна и ногата му заглави помеѓу перонот и возот. Тој беше беспомошен и уплашен од можноста доколку возот тргне. Набрзо се собраа сите патници и силно го туркаа возот на едната страна за да му се ослободи ногата.
Ова спасување е снимено од камерите на станицата.