( ВИДЕО) Мост се урна по втор пат за 14 месеци: 200 милиони долари отидоа во вода

Од:

Во индиската држава Бихар целосно се урна недовршен мост.

Тој се гради од 2014 година, а за неговата изградба се потрошени повеќе од 200 милиони долари.

Снимен е самиот момент на уривање на мостот.

Според владиното соопштение, самиот мост требаше да биде готов во 2020 година, а последното „ветување“ на локалните власти беше дека мостот конечно ќе биде готов во ноември годинава.

Дел од истиот мост во изградба се урна и на 30 април минатата година. Тогаш како причина за инцидентот беше посочено лабав кабел, но граѓаните сметаа дека станува збор за корупцијата, поради што се сомневаа дека се користеле неквалитетни и поевтини градежни материјали.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна мост во Јужна Кореја, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Индија може да се подели на два дела

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени