(ВИДЕО) Момче со импровизиран падобран скокна од 14 кат, падобранот не му се отвори и почина пред очите на неговата мајка

Од:

Петнаесетодишно момче од Украина почина откако скокна од зградата со падобран кој што сам си го направил.

На снимката може да се види момчето, Богдан Фирсов, како на врвот на зградата се подготвува за скок од 14. кат, додека голем број луѓе стои и го гледа. Помеѓу набљудувачите кои го бодреа да скокне беше и неговата мајка.

Еден од сведоците рече дека никој од луѓето не се обидел да го разубди момчето да не скока или да повика полиција за да го спречи да скока, туку само се стоеле и снимале.

– Луѓето веќе не се човечки битија, го изгубија здравиот разум, рече тој.

Момчето стоеше на ивицата неколку минути, потоа ги рашири рацете и скокна. Падобранот меѓутоа не се отвори целосно и падна на грб од 50 метри висина, каде што почина пред очите на шокираната мајка.

Експертите велат дека ова била самоубиствена акција, бидејќи дури и да се отворен падобранот, момчето не би преживеало.

Тие тврдат дека за скок со падобран е потребна висина од најмалку 70 метри, или зграда од 25 катови.

Иако Богдан носел кацига, а пред зградата била поставена и заштитна подлога, тој сепак веднаш им подлегнал на повредите.

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина