ВИДЕО: Мистериозен круг на небо исплаши луѓе

Од:

Чуден црн круг се појавил на небото над едно село во северен Казахстан. Селаните кои се шокирале од појавата, успеале да го фотографираат кругот, кој на небото бил цели 15 минути, а потоа исчезнал.

-Наликуваше на црн облак, а потоа исчезна како да беше од чад. Не почувствувавме никаква чудна миризба – изјавил еден од жителите на селото.

Андреј Солодовник, асистент по физика на државниот Универзитет во северен Казахстан, рекол дека облакот чиј што пречник изнесувал околу 100 метри и кој лебдел на висина помеѓу 200 и 1.000 метри е производ на согорување, а експертите наведуваат дека такви облаци имало и во минатото.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

13 лица загинаа во пожар во хостел во Казахстан

Горан Наумовски

Тројца ученици повредени во напад со секира и нож во училиште во Казахстан

Опериран поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев

Ана Ололовска

Казахстан ја менува визната политика поради Русите кои бегаат од мобилизација

Ана Ололовска

Русија ја спречи „обоената револуција“ во Казахстан