(ВИДЕО) Минхен: Бројот се искачи на девет убиени, над десет ранети

Од:

Најмалку девет лица настрадаа откако непознат напаѓач пукаше во трговскиот центар “Олимпија“ во Минхен, а полицијата соопшти дека се работи за терористички напад.

Германските медиуми јавија дека осум лица биле убиени во трговскиот центар, а деветтото тело било пронајдено на зелена површина, на оддалеченост од еден километар од објектот каде што се пукаше.

Полицијата се сомнева дека постои голема можност да се работи за телото на еден од напаѓачите кој пукал пред ресторанот Мекдоналдс, и потоа влегол во трговкскиот центар и продолжил да стрела насекаде по луѓето. По тоа избегал во подземната железница која сега е евакуирана и не работи.

Полицијата соопшти дека е внимателно со оглед дека има и торба до телото на тревата во која е можно да има експлозив и најверојатно ќе биде испраттен робот.

Јавниот превоз во Минхен нема да функционира во следниов период, а во градот пристигнаа специјални единици на војската и полицијата од други делови на Германија кои трагаат по како шт велат тројца напаѓачи.

Би можело да ве интересира

Авганистанецот призна дека намерно удри во толпата во Минхен

Шок во Минхен поради говорот на американскиот потпретседател

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на тешко повредени во инцидентот во Минхен, уапсен е возач по потекло од Авганистан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Автомобил влета во група луѓе во Минхен, најмалку 20 повредени

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Најмалку седуммина повредени во пожар во дом за стари лица во Минхен

(ВИДЕО) Пожар во Минхен: Гори зграда, пламените јазици проголтуваат се пред себе

Горан Наумовски