Млад мигрант од субсахарска Африка загинал во петокот при обид со параглајдер да влезе во шпанскиот град Сеута. Тој паднал во морето, а неговото тело било извлечено од припадници на Цивилната гарда.
Информацијата за агенцијата ЕФЕ ја потврдиле извори од Цивилната гарда, а ја пренесува „Ел Мундо“.
🇪🇸🇲🇦 Migrant from Morocco Dies Attempting Paraglider Crossing Into Ceuta
A Moroccan man tried to reach the Spanish enclave of Ceuta by paraglider, losing control mid-flight and crashing into the sea.
Spanish Civil Guard officers pulled him from the water, but he was pronounced… pic.twitter.com/lkiMkGlF7G
— Ryan Rozbiani (@RyanRozbiani) August 8, 2026
Несреќата се случила во петокот околу 8 часот наутро, кога припадници на Цивилната гарда забележале лице со параглајдер како се приближува кон градот од правец на планинската област Бензу, во северниот залив.
Според првичните информации, мигрантот најверојатно планирал да слета во близина на северната граница на Сеута. Се претпоставува дека во еден момент ја изгубил контролата над леталото и паднал во морето.
Екипите на Цивилната гарда веднаш пристигнале на местото на несреќата. Тие се надевале дека младиот човек можеби сè уште е жив, но по пристигнувањето можеле само да ја констатираат смртта.
Телото било пренесено во просториите на Поморската служба на Цивилната гарда.
Од Цивилната гарда велат дека и претходно биле регистрирани поединечни обиди за влез во Сеута со параглајдер, особено од минатата година.
При неколку такви обиди имало несреќи, а како една од главните причини се наведува недоволното искуство на лицата кои управувале со леталата.
Сепак, ова е прв познат случај обидот за влез во градот со параглајдер да заврши со смртен исход.
