ВИДЕО: Мексиканец се обидел да киднапира авион и да го упати кон САД, го спречиле патниците

Од:

31-годишен маж е уапсен вчера наутро поради обид за киднапирање на домашен комерцијален лет во Мексико и пренасочување на авионот кон САД, објавија мексиканските власти и авиокомпанијата Воларис. Откако авионот тргнал од Леон за Тихуана, Мексиканецот, идентификуван од властите само како Марија Н, ја нападнал стјуардесата и се обидел да упадне во пилотската кабина, пишува ABC News.

Авионот бил пренасочен кон Гвадалахара, каде што бил уапсен од припадници на мексиканската национална гарда.

Точниот мотив останува нејасен, но федералниот оддел за безбедност на Мексико објави дека персоналот на авиокомпанијата рекол дека човекот тврди дека близок роднина бил киднапиран и дека добил смртни закани доколку отпатува во Тихуана непосредно пред поаѓањето.

Мажот патувал со сопругата и двете деца, соопштија мексиканските власти. Откако осомничениот бил уапсен во Гвадалахара, авионот го продолжил летот за Тихуана без дополнителни инциденти, објави ABC News.

На социјалната мрежа Икс е објавено и видео од обидот за киднапирање на авионот.

Би можело да ве интересира

Трамп ги паузира и царините за Канада

Трамп ги паузираше царините за Мексико

Силен земјотрес го погоди Мексико

Мексико најави одговор на царините од САД

Горан Наумовски

Мексико екстрадираше нарко-бос и 28 други осуденици во САД

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски