(ВИДЕО) Мечка влезе во пекара и изеде 60 колачи: Толку и се допаднаа колачите што вработените едвај ја избркаа

Од:

Гладна црна мечка упадна во гаражата на пекара во Авон, Конектикат, ги исплаши вработените и изеде 60 колачиња пред да замине. Работниците во пекарницата Taste by Spellbound во Авон Тауншип ставаа колачиња во комбе за испорака кога се појави мечката, пренесува АП.

Помеѓу 1.000 и 1.200 црни мечки живеат во Конектикат, соопшти државната Агенција за заштита на животната средина, а тие биле видени во 158 од 169 градови во државата минатата година.

Сопственичката на пекара, Миријам Стивенс, во објава на Инстаграм напиша дека ја слушнала вработената Морин Вилијамс како вреска и вика дека во гаражата има мечка.

Вилијамс изјави за ТВ станицата WTNH дека викала за да ја исплаши мечката, но таа се повлекла и се вратила три пати.

Додаде дека мечката се втурна кон неа, па таа излезе од гаражата и побегна.

Надзорните снимки покажуваат како работници во пекарата шетаат низ локалот се обидат да ја исплашат мечката, но потоа бегаат откако таа ги исплаши.

На видеото се гледа како мечка влече контејнер со колачи од гаражата до паркингот. Стивенс рече дека мечката изеде 60 колачиња.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Српски Јутјубер се снимил во дувло на мечка, доби повеќе од 100.000 следачи во еден ден

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Тим од скопската зоолошка спаси мечка фатена во стапица за диви свињи

Катерина Ѓуровски

САД: Маж уби гризли во самоодбрана

Мечка е усмртена од возило на патот Гостивар – Охрид

Горан Наумовски

Ослободено мече кое било заглавено на дрво во Маврови Анови

Горан Наумовски

ЦУК: Мечка убила и изела овци во гостиварско село Равен

Горан Наумовски