Повеќе од 400 осуденици побегнаа од затвор во Хаити кој се наоѓа во близина на престолнината Порт-о-Пренс. Во извештаите на локалните власи се наведува дека животот го загубиле повеќе од 25 лица во текот на масовното бекство во затворот Круа ле Буке.
Меѓу жртвите е и директорот на затворот како и неколку случајни минувачи кои се нашле во средиштето на инцидентот.
Убиен е и еден од најмоќните шефови на подземјето Арнел Жозеф кој се појавил на еден од контролните пунктови неколку часови по бекството. Се смета дека токму тој бил организатор на целата акција. Дел од осудениците кои избегале повторно се вратени во затворот.