ВИДЕО: Масовни протести во Египет против Морси

Од:

Десетици илјади противници на египетскиот претседател Мохамед Морси денеска се очекува да излезат на улиците во повеќе градови и да побараат негова оставка.

Голем број граѓани се уверени дека масовните протести ќе го означат почетокот на нова револуција во земјата. Истовремено, многумина стравуваат дека ако ситуацијата излезе од контрола, тогаш на земјата и се заканува граѓанска војна. Армијата предупреди дека ќе интервенира доколкусе случи насилство, во спротивно ќе ја почитува вољата на народот.


Организатори на денешниот протест е младинското движење „Тамарод“ („Востание“), кое собра околу 22 милиона потписи против Морси.

Лидерите на движењето планираат да им ја предадат петицијата на судските органи за да започне процес за соборување на претседателот од власт. Движењето е поддржано од други опозициски сили, на прво место од најголемиот либерален Фронт за национален спас.

Egyppt1

Поради денешните планирани протести и контрапротести зајакнати се безбедносните мерки. Веќе три дена армијата ги затвори копнените граници.

Дополнителни воени единици се распоредени на Синајскиот полуостров, каде се наоѓаат илјадници вооружени екстремисти кои се подготвени при првиот сигнал да притекнат во заштита на исламистичката власт. Сите полицајци се, исто така, мобилизирани.

Volunteers from the opposition "Rebel!" campaign stop traffic to campaign for a major protest during the day, in Alexandria

Осум пратеници од Горниот дом на парламентот вчера изјавија дека го напуштаат законодавниот дом за да им дадат поддршка на противниците на Морси.

egypttprotest--621x414

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина