Mасовна тепачка на прометниот аеродром во Чикаго e објавена на социјалните мрежи.
https://twitter.com/i/status/1661411260091465753
На видеото се гледа расправија и тепачка меѓу десетина патници кои си разменуваат удари, се влечат за коса на терминалот 3 на аеродромот „О Хара“.
Се гледа како жената ги користи слушалките како оружје пред мажот да ја фрли на подот и да почне да ја удира.
Се слушаат преплашени набљудувачи кои повикуваат на обезбедување. Неколку други патници се обидеa да ги раздвојат завојуваните страни. Една жена e директно удрена од маж во лицето, по што падна на подот.
Полицијата соопшти дека Кристофер Хемптон (18) од Мејвуд, Илиноис и Тембра Хикс (20) од Керол стрим, Илиноис, биле уапсени поради наводно удирање на неименувана девојка (24).
– Расправијата при излегувањето од авионот ескалира на Терминал 3 кога жртвата (24) ја удриле двајца криминалци. Прекршителите се приведени и против нив ќе биде поднесена пријава – се наведува во соопштението од полицијата.