ВИДЕО: Маскарот во Њујорк бил поради НФЛ, напаќачот оставил писмо

Од:

Шејн Девон Тамура (27), вооружениот човек кој уби четири лица во зграда во Њујорк пред да си го одземе животот, оставил самоубиствена порака тврдејќи дека страдал од хронична трауматска енцефалопатија (CTE) и побарал да му се анализира мозокот по неговата смрт, објави CNN.

Во краткото писмо од три страници пронајдено во неговиот џеб, Тамура напишал: „Тери Лонг и американскиот фудбал ми дадоа CTE и пиев галони антифриз за тоа. Не можете да се борите против НФЛ, ќе ве прегазат.“

Тери Лонг, поранешен играч на Питсбург Стилерс, бил дијагностициран со CTE и извршил самоубиство во 2005 година. Тамура додал во својата самоубиствена порака: „Ве молам, проучете го мојот мозок. Жал ми е. Кажете ми дека ми е жал за сè.“

Според извори на CNN, Тамура бил фудбалер во младоста, што дополнително ја поддржува неговата тврдење дека страдал од CTE – болест која најчесто се поврзува со повторени удари во главата кај спортистите, дури и без регистрирани потреси на мозокот.

Според она што е досега познато, Тамура бил незадоволен од начинот на кој Националната фудбалска лига (НФЛ) со години го игнорирала проблемот со CTE, што е потврдено кај бројни поранешни играчи по нивната смрт, а многумина имаат проблеми во текот на животот. Полицијата претходно објави дека Тамура имал „историја на ментални заболувања“.

Тамура влегол во зградата каде што се наоѓа седиштето на НФЛ со пушка и почнал да пука во лобито, а потоа и на 33-ти кат пред да си го одземе животот.

Еден вработен во НФЛ бил сериозно повреден, додека другите работници биле евакуирани на време.

Училишниот другар на Тамура, Кејлеб Кларк, го опишал како „најголемиот шегаџија во класот, полн со енергија“.

„Никогаш не би помислиле дека ќе биде вмешан во насилство. Луѓето му велеа дека е талентиран и посебен, но тој никогаш не рекол дека еден ден ќе игра во НФЛ“, рече Кларк.

Тамура се преселил во Гранада Хилс во 2015 година и работел во казино во Лас Вегас, каде што имал дозвола за оружје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Упадна во зграда во Њуjорк, уби четворица меѓу нив и полицаец

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Њујорк под вода, поплавени метро станици, авиосообраќајот е парализиран

ВИДЕО: Брод на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост, двајца мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Десетици студенти уапсени на пропалестински протест во Њујорк

Катерина Ѓуровски

Протести и контрапротести во Њујорк

ВИДЕО: Нови детали за хеликоптерската несреќа во Њујорк, се бара забрана за туристички летови

Катерина Ѓуровски