(ВИДЕО) Мајката на Алексеј Навални го видела телото на својот син: Ме уценуваат, поставувајќи услови каде, кога и како треба да биде погребан

Од:

Људмила Навални денеска објави дека успеала да го види телото на нејзиниот син Алексеј Навални.

„Ме уценуваат, поставувајќи услови каде, кога и како треба да биде погребан Алексеј“, рече таа.

На мајката на Алексеј ѝ го покажале телото на нејзиниот син, но тој не бил вратен. Наместо тоа, била уценувана. По наредба на Кремљ, истражителите поставиле услови каде, кога и како да го погребат Алексеј. Тие сакаат да го направат тоа тајно” напиша соработник на Навални, Кир Јармиш.

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални почина во петокот на 16 февруари во руски затвор, потврди руската Федерална поправна служба за областа Јамало-Ненец, додавајќи дека Навални се чувствувал лошо по утринската прошетка и изгубил свест, по што неуспешно бил реанимиран.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Навални пред смртта напишал автобиографија

Рокот за прелиминарната истрага за смртта на Навални е продолжен

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски

Навална: Ја одбија жалбата за да не се знаат вистинските околности на неговата смрт

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски