(ВИДЕО) Мајка на убиено дете: Убиецот на мојата ќерка треба да живее

Од:

Шонда Волер чија што единаесетмесечна ќерка Адријана пред 18 години ја силувал и убил, Чарлс Вормер над кого во четврток беше извршена смртна пресуда, изјавила дека убиецот на нејзиното дете не заслужува да умре.

Таа со видео порака им се обратила на адвокатите на одбраната, во која наведува дека егзекуцијата на Вормер би го извалкала сеќавањето на нејзината ќерка Адријана и дека тоа е против нејзините религиозни убедувања.

-За мене е правда тој да живее со она што и го направи на Адријана и нашето семејство. Сакам тоа да го прогонува до последниот ден од животот- вели таа во пораката која што минатиот јануари ја испратила до судот, кога требаше да се изврши пресудата.

Таа додава дека не сака неговите деца да гледаат како некој го убива нивнио татко и дека како христијанка собрала сили да му прости за злосторството кое го направил.

Првобитниот датум за егзекуција на убиецот на малата Адријана Волер, беше одложено поради притисок од јавноста, заради „бруталното извршување на смртната казна “ над еден затворник во април минатата година, кој умирал повеќе од 40 минути, наместо предвидените десет.

Инаку злосторството кое што ја запрепасти јавноста се случило во 1997 година, во куќата на Чарлс каде што заедно со неговите две деца живела Шонда, која во судските документи е наведена како негова поранешна девојка.

Шонда излегла од домот, а кога се вратила девојчето било без свест. Обидите за реанимација не успеале , а медицината служба можела само да констатира смрт.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Маж се самозапали за време на протест

Предраг Петровиќ

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

Русите ги запленија магацините за опрема на НАТО во Угледар

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави снимка како Иран го подготвувал нападот против Израел

Предраг Петровиќ

Израел конечно призна: Иран ги уништи нашите бази

Предраг Петровиќ