(ВИДЕО) Лукашенко за демонстрантите: Бегаат како стаорци

Од:

Полицијата која ја обезбедуваше претседателската палата му вети на Лукашенко дека ќе остане со него до крај, пренесува Спутник.

На снимката која ја објави државната телевизија на Белорусија се гледа како претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко гледа низ прозорот на хеликоптерот, потоа разговара најверојатно со пилотот, на кој му наредува: „Поблиску, поблиску до плоштадот. Не го гледам плоштадот…лево, уште лево“, мислејќи на плоштадот каде демонстрантите се движеа во правец на центарот.

Низ прозорецот се виде кордон на полиција и опрема, блокирајќи го патот на демонстрантите до претседателската резиденција.

„Тие бегаат како стаорци“, коментираше Лукашенко за заминувањето на демонстрантите од претседателската резиденција.

Би можело да ве интересира

Лукашенко потпиша указ за спроведување патриотско образование во армијата

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

(ВИДЕО) Моите противници се во затвор, ама вие сте тука – Лукашенко до новинар на Би-би-си

Александар Лукашенко потврди уште еден претседателски мандат

А1он

Лукашенко: Дали ги препознавате овие избори таму во ЕУ или не, е прашање на вкус – не ми е грижа за тоа

А1он

Лукашенко: Подобро диктатура како во Белорусија, отколку демократија како во Украина