ВИДЕО: Лубиц криел дека е болен

Од:

Копилотот на авионот на германската компанија „Џерман вингс“, Андреас Лубиц, за кого постои сомневање дека намерно го урнал авионот со 150 патници и членови на екипажот, бил на боледување на денот на несреќата, но тоа не го пријавил кај претпоставените, соопшти германското обвинителство, врз основа на доказ кој го пронашле истражителите.

-Пронајдени се документи со медицински податоци кои укажуваат дека тој бил болен и дека лекарите му препишале соодветна терапија – соопшти канцеларијата на обвинителстовото во Дизелдорф, откако истражителите извршиле претрес во неговиот стан во тој град, како и во куќата на неговите родители во Монтабаур.

Како што пренесе „Ројтерс“ пронајдената потврда била искината со што се потврдува претпоставката дека тој криел дека е болен.

Авионот на германската компанија, со 144 патници и шест членови на екипажот, се урна во вторник во француските Алпи додека сообраќал на линијата Барселона- Дизелдорф.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион итно евакуиран, има повредени

Предраг Петровиќ

Пронајдени две тела во опрема за слетување на авион JetBlue на аеродромот во Флорида

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Азербејџан тврди: Руска ракета го урна авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Драма на небото над Белград: Авионот се судри со јато птици