Сенаторот Линдзи Грам, кажа за Фокс дека Одделот за правда има етаблиран процес за проверување на информациите околу криминалните активности на Џо Бајден и неговиот син Хантер во Украина дадени од Руди Џулијани.
Грам во своите јавни настапи на неколку национални телевизии, соопшти дека неговиот колега Вилијам Бар за време на нивниот разговор, му кажал дека Одделот има отворено процес околу информациите кои ги даде Руди во јавноста.
„Руди е човек кој се бори против криминалот, тој е лојален на претседателот и се работи за добар правник“, рече сенаторот Грам.
Поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани во претходните настапи за време на процесот за импичмент, но и откако беше донесена одлуката во Сенатот дека Трамп не е виновен, соопшти дека Бајден интервенирал во Украина за да побара разрешување на еден од обвинителите кој ја истражувал енергетската компанија која му исплатила на синот на Бајден огромна сума на пари.
На својот твитер профил тој напиша дека „Фирмата на фамилијата Бајден направи милиони продавајќи ја државната служба, кога Џо беше човек на Обама, тие заедно направија милиони“.
Според Руди Џулијани, информациите од неговата истрага за Бајден ќе бидат обелоденети во неговиот серијал.