Драматична завршница на заложничката криза во Франција, полицијата ги ликвидира терористите одговорни за убиството на 12 новинари.
Пред завршната акција, се слушнаа силни експлозии од магацинот каде што се криеја браќата Куаши, но се забележаа и голем број специјалци кои се движат натаму. Браќата имаа еден заложник, кој најверојатно е ослободен претходно. Од таму долга колона возила на брза помош се упати кон Париз, каде истовремено отпочна акција за спасување на заложниците во бакалницата во источниот дел на градот.
Оваа акција траеше подолго од првата и имаше повеќе експлозии и гасни бомби при што полицијата го уби киднаперот Ахмед Кулибали кој држеше неколку жени и и деца со закана дека ќе ги убие. Претходно тој уби две лица.
Акцијата започна откако до полицијата стигна наредба во 17 часот да ги ослободат сите заложници, а терористите да бидат ликвидирани.