ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Од:

Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја Ли Џае Мјунг бил нападнат денеска за време на посетата на јужниот пристанишен град Бусан, објави агенцијата Јонхап. Ли бил прободен во левата страна на вратот од непознат маж додека бил во посета на градилиште на иден аеродром, пренесе агенцијата.

Напаѓачот му пришол на Ли и му побарал автограм, пред ненадејно да го нападне. Набрзо бил совладан и уапсен. На фотографиите објавени во медиумите се гледа како Ли лежи на земја со затворени очи, а други луѓе му ја притискаат раната на вратот.

Лидерот на опозицијата е пренесен во болница, објави Јонхап. И покрај строгите закони за оружје, Јужна Кореја има историја на политичко насилство, при што се користени други видови оружје.

Лидерката на конзервативната опозиција Парк Геун Хе, која подоцна стана претседателка, беше нападната со нож во 2006 година, при што се здоби со длабока рана на лицето.

Би можело да ве интересира

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски

Црната кутија не снимала четири минути пред авионот на Јеју Ер да удри во ѕид во Јужна Кореја

Јужнокорејските истражители не успеаја да го уапсат суспендираниот претседател

Јун Сук Јеол одби да биде уапсен, вели „ќе се бори до крај“