ВИДЕО: Лидерот на култ кој уби и распарчи две деца се соочува со смртна казна

Од:

Чад Дејбел од Ајдахо е обвинет за убиство на неговата поранешна сопруга Тами Дејбел и на две деца, Џошуа „Џеј Џеј“ Валоу (7) и Тајли Рајан (16). Мајката на децата, Лори Валоу Дејбел, минатата година беше осудена на доживотен затвор за убиствата, пишува Би-Би-Си.

Доколку судот го прогласи Дејбел (55) за виновен, тој се соочува со смртна казна. Тој се изјасни за невин. Обвинителите на почетокот на судењето вчера рекоа дека тој и Валоу верувале дека нејзините деца се зли духови и зомби и ги убиле во 2019 година, околу една година откако парот се сретнал на верски настан.

Во обвинението се наведува дека парот имал афера додека Дејбел се уште бил во брак и дека сакале да се „ослободат“ од неговата сопруга. “Тој се погрижи никој, ниту еден закон да не му застане на патот на неговата посакувана судбина. Неговата желба за секс, пари и моќ го навела да ги следи овие амбиции. Сето тоа доведе до смрт на неговата сопруга и двете невини деца”. рече обвинителот Роб Вуд.

По долга потрага, полицијата ги пронајде посмртните останки на децата закопани на имотот на Дејбел во јуни 2020 година. Едното дете било распарчено и изгорено, а другото врзано. Тами Дејбел почина од задушување во октомври 2019 година, 17 дена пред Дејбел да се ожени за Валоу на церемонија на Хаваи.

Адвокатот на Дејбел, Џон Приор, рече дека ДНК на неговиот клиент не е пронајдена на посмртните останки на децата и го обвини за убиствата братот на Валоу, Алекс Кокс, кој почина во 2019 година. Адвокатот наведува дека неговата ДНК била пронајдена на парче пластика покрај посмртните останки на децата.

Приор, исто така, тврди дека нема докази кои сугерираат дека Тами Дејбел е убиена и дека тоа било несреќа. Судењето се очекува да трае приближно девет недели.

50-годишната Лори Валоу е осудена на доживотен затвор без можност за условно ослободување поради убиство на двете деца и намера да ја убие поранешната сопруга на нејзиниот сопруг. Обвинителите нагласија дека мајката од Ајдахо станала опседната со апокалипсата и верувала дека нејзините деца мора да бидат убиени за да одат во рајот, пишува Sky News.

Тие изјавија дека Валоу верувала дека нејзиниот син и ќерка се зомби, додека таа била божица испратена да ја започне библиската апокалипса. Таа доби вкупно три доживотни затворски казни, по една за секое од обвиненијата.

Пред изрекувањето на пресудата, таа му се обрати на судот тврдејќи дека нејзиното искуство блиску до смртта и овозможило да комуницира со „светот на духовите“. Таа му кажа на судијата дека знае „сигурно“ дека нејзините деца и Тами Дејбел се среќни на рајот. Таа тврди дека разговарала со своите деца по нивната смрт.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски