(ВИДЕО) Курдските демонстранти упаднаа во Европскиот парламент

Од:

Стотина курдски демонстранти денеска упаднаа во седиштето на Европскиот парламент за да предупредат на нападите од страна на џихадистите од Исламската држава врз курдскиот грд Кобане во Сирија, стратешки важен на самата граница со Турција, пренесуваат агенциите.

Демонстрантите успеале да го изненадат обезбедувањето на Европскиот парламент. Носејќи знамиња и потрети на секурдскиот лидер Абрудлах Очалан кој на остров крај Истанбул издржува доживотна затворска казна со која под притисок на меѓународната јавност му беше заменета смртната пресуда, влегле во зградата, а набрзо им се обратиле неколку парламентарци. Делегацијата на курдските демонстранти ја прими и претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц.

Шулц рекол дека не го одобрува начинот на кој влегле во Парламентот, но истакна дека Европскиот парламент ги поддржува напорите на меѓународната заедница во запирањето на Исламската држава. Ветил дека нивната порака ќе ја пренесе и до НАТО.

Демонстрантите потоа мирно ја напуштиле зградата на Европскиот парламент.

Би можело да ве интересира

Oџалан: Отворен сум за преговори со владата

Ердоган: Сириските Курди или ќе го положат оружјето или ќе бидат погребани со нив

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он