ВИДЕО: Крвав напад во парк во Њујорк, има мртви и ранети, луѓе бегаат

Од:

Две жени се убиени, а пет лица се ранети во пукотница што се случи за време на пикник во парк во градот Рочестер во државата Њујорк, соопштија денеска властите.

Стотици луѓе се собраа во паркот Мејплвуд во Рочестер кога некој отвори оган, соопшти полицијата, пренесе Асошиетед прес.

Како резултат на овој напад, се уште никој не е уапсен, наведува агенцијата.

Полицијата соопшти дека собирот во паркот бил најавен со флаери, иако не е прецизирано по кој повод.

За ваков собир не било потребно организаторите однапред да добијат дозвола од полицијата. Претставникот на локалната полиција Дејвид Смит ги повика оние кои имаат потенцијални информации да помогнат во решавањето на злосторството.

Ова е второ масовно пукање во парк во Рочестер во последните месеци.

Во јуни шест лица беа ранети кога во текот на ноќта имаше пукање во Меморијалниот парк Мартин Лутер Кинг Јуниор, потсетува АП.

Би можело да ве интересира

Осум осомничени за престрелката и убиството во Чаир

Инцидент во Германија: Tинејџер со пиштол пукал во поранешна девојка

Горан Наумовски

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

Државјанка на БиХ e убиена во масовно пукање во Шведска, нејзин сонародник е тешко ранет

Горан Наумовски

Млад маж од Босна и Херцеговина e ранет во пукањето во училиштето во Шведска

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Брисел: Маскирани напаѓачи пукаат кон цивили

Горан Наумовски