Работничката на плантажата со палмино масло Фалмира Де Хесус (38) полнела вода од поток покриен со трева во областа Кетапанг во провинцијата Западен Калимантан, несвесна дека крокодил ја демне под лисјата. Жената се приближила да наполни вода, но крокодилот скокнал и ја одвлекол во потокот. Мајката на две деца врескала за помош, по што притрчале останатите вработени.
На видеото се гледа како несреќната жена лебди и и се гледа само главата.
Може да се види и жената како полека тоне додека крокодил се обидува да ја одвлече, а избезумените работници удираат во водата со стапови. Локалните жители велат дека крокодилот ја држел исплашената Фалмира околу 90 минути. Колегите премногу се плашеле да влезат во водата да не ги нападне ѕверот, но пристигнала помош и на крајот успеале да ја грабнат Фалмира и да ја извлечат од мочуриштето.
Таа била итно пренесена во болница со сериозни повреди на екстремитетите.
“Местото каде што ме држеше крокодилот ме боли. Не можев да се ослободам и станував се послаба и послаба. Мислев дека ќе умрам затоа што тонев под водата. Лежам во болница и се уште можам да го видам крокодилот и да го почувствувам на моето тело. Многу сум им благодарна на луѓето кои ми помогнаа да избегам. Ми го спасија животот“, вели Фалмира.
Полицијата соопшти дека Фалмира се здобила со длабоки убодни рани на десната рака и нозете.
“Жртвата требаше да го наполни резервоарот со вода. Ненадејно беше нападната од крокодил. Веднаш и пришле други работници и се обиделе да и помогнат. Жртвата преживеала и веднаш била евакуирана во болница. Ги повикуваме работниците и жителите околу плантажата да бидат повнимателни“, соопшти полицијата во Кетапанга.
Лекарите ја следат состојбата на повредената бидејќи стравуваат дека тешките каснувања може да доведат до инфекција.
Индонезискиот архипелаг е дом на 14 видови крокодили. Популацијата на екстремно големи и насилни крокодили. Конзерваторите веруваат дека крокодилите биле доведени во внатрешноста на земјата поблиску до селата поради прекумерниот риболов што го намалува снабдувањето со природна храна на крокодилите во комбинација со губењето на живеалиштата поради развојот на крајбрежјето.
Локалните жители сè уште ги користат реките за пливање и риболов, а тоа доведе до зголемување на нападите од крокодили.