ВИДЕО: Ќе оди ли Путин на преговори, Зеленски ќе чека во Анкара кај Ердоган

Од:

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека руската делегација ќе престојува во Истанбул на 15 мај, додавајќи дека очекуваат на преговорите да се појави и украинската страна.

Кремљ сè уште не објави кој ќе ја сочинува руската делегација на претстојните преговори во Турција, велејќи дека составот ќе го објави само кога претседателот Владимир Путин „смета дека е потребно“.

Сепак, според информациите до кои „Вашингтон пост“ дојде од поранешен руски функционер, Русија ќе ја претставуваат министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и советникот за надворешна политика на Путин, Јуриј Ушаков.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека очекува евентуалната директна средба со рускиот претседател Владимир Путин во Истанбул да резултира со прекин на огнот. Зеленски рече дека ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара, но дека и двајцата се подготвени веднаш да отпатуваат за Истанбул доколку Путин одлучи да се појави на разговорите.

„Ќе го чекаме Путин во Турција. За Русија да не манипулира со градовите и да не тврди дека Путин не е подготвен да лета за Анкара, туку е подготвен да лета за Истанбул“, рече Зеленски на новинарите во Киев на прес-конференција. Му испратив порака на претседателот Ердоган, а турската страна е подготвена“.

Разговорите би можеле да вклучат и размена на затвореници „сите за сите“, што ќе и овозможи на Украина да излезе од преговорите со некаква „политичка победа“, рече Зеленски во интервју за францускиот весник „Либерасион“.

Доколку средбата навистина се одржи, тоа ќе биде прва директна средба меѓу двајцата лидери од 2019 година и може да означи пресвртница во застојот на дипломатските напори за ставање крај на руската инвазија од големи размери. Кремљ сè уште не го потврди присуството на Путин, додека Киев продолжува да инсистира на безусловен прекин на огнот.

„Безусловниот прекин на огнот, во овој момент и со оглед на сите денови и месеци што поминаа, никој од руската страна не може да го гарантира тоа освен Путин“, рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Четворица убиени во руски напад на Харков, погодена детска болница

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тајна испорака, Украина почна да го користи американскиот систем „Темпест“

(ВИДЕО) Украинските пилоти очајни: Тактиките на НАТО не функционираат

Предраг Петровиќ

По ударот со „орешник“, Украина бара да се прогласи нападот за воено злосторство

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Половина Киев е без греење, Кличко повика жителите да го напуштат градот

ВИДЕО: Русите ја погодија амбасадата на Катар во Киев

Катерина Ѓуровски