ВИДЕО: Кина погуби директор поради примање мито

Од:

Кина го погуби Баи Тианхуи, поранешниот генерален директор на компанијата за управување со средства „Чајна Хуаронг Интернешнл Холдингс Лтд.“, откако беше осуден за примање мито од 156 милиони долари.

Погубувањето беше извршено во северниот кинески град Тјанџин по одобрување од Врховниот народен суд, според државната новинска агенција „Синхуа“.

Со пресудата од мај 2024 година, Баи беше осуден на смрт, му беа одземени политичките права доживотно, беше наредена конфискација на неговиот личен имот и беше наредено сите негови нелегални профити да бидат вратени во државната каса.

Баи поднесе жалба на пресудата, но Вишиот народен суд Тјанџин ја отфрли неговата жалба во февруари оваа година.

По прегледот, Врховниот народен суд утврди дека Баи ја злоупотребил својата позиција помеѓу 2014 и 2018 година за нелегално примање мито во вкупен износ од 1,108 милијарди јуани (речиси 157 милиони долари).

Врховниот народен суд пресуди дека злосторствата на Баи се особено сериозни и ја потврди пресудата на Вишиот народен суд Тјанџин со која се потврдува смртната казна. На Бај му беше дозволено да се сретне со своите роднини пред неговата егзекуција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Катастрофа по ударот на „Саудел“: Смртоносни свлечишта, загинати и исчезнати

Горан Наумовски

Бројот на жртви од поплавите во Непал се искачи на 1.344, речиси 5.000 се водат како исчезнати

Песков: Русија и Кина ќе се договорат за постојан безвизен режим меѓу двете земји

Венс: САД имаат доволно воена моќ за да се справат со заканите од Иран и Кина

САД го губат вселенскиот примат, Русија и Кина сè поблиску во новата трка

Горан Наумовски

Можна средба Путин – Трамп наскоро во Кина

А1он