(ВИДЕО) Ким Џонг Ун плачејќи ги повика жените да раѓаат повеќе деца за доброто на партијата

Од:

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун се расплака на неодамнешната средба со жените, каде повика на напори за борба против опаѓањето на наталитетот во земјата. На видеото, кое се рашири на социјалните мрежи, може да се види Ким Џонг Ун како гледа надолу и ги брише солзите од своето лице.

„Спречувањето на падот на наталитетот и добрата грижа за децата се сите наши обврски што треба да ги извршуваме додека работиме“, рече тој, а пренесе Ројтерс. Ова се случи на национален состанок организиран за мајки во Пјонгјанг.

Ким Џонг Ун ги повика жените да раѓаат повеќе деца „за доброто на партијата, револуцијата и целата земја“.

Заблагодарувајќи им се на мајките за нивната улога во зајакнувањето на националната моќ, Ким Џонг Ун рече: „Исто така секогаш мислам на мајките кога ми е тешко да се справам со партиската и државната работа“.

Фондот за население на Обединетите нации ја проценува стапката на фертилитет во Северна Кореја на 1,8 во услови на долгорочен пад на стапката во последните децении. Ова е сè уште повеќе отколку во некои соседни земји. Во Јужна Кореја, стапката на фертилитет падна на рекордно ниско ниво од 0,78 минатата година.

Северна Кореја има околу 25 милиони жители. Земјата се соочува со сериозен недостиг на храна.

Би можело да ве интересира

Ким Џонг Ун ја предводеше евакуацијата на 5.000 жители заробени во поплавите

Северна Кореја: Медиумите ја означија ќерката на Ким Џонг-ун како „кадар за највисоките позиции“

Ким Џонг-ун патува за Русија со специјален воз

Севернокорејскиот лидер ги постави новите воени цели

Ким Џонг-ун ја понесе својата ќерка на лансирање проектил

А1он

Америка ја обвини Северна Кореја: Тајно испорачува гранати на Русија

А1он