ВИДЕО: Канадски рапер загина откако паднал од авион, на кој што снимал видео

Од:

Канадскиот рапер Џон Џејмс Мекмареј (34) загина при снимање музички спот додека рапуваше на крило на авион. Канадската полиција на провинцијата Британска Колумбија соопшти дека Мекмареј загинал додека работел со тимот што изведувал акробации со леталото во саботата, пренесува „Асошиетед прес“.

Менаџерот на Мекмареј, Рајан Дероче, рекол дека раперот интензивно вежбал за акробациите, но кога застанал на крилото на авионот, тој се навалил на едната страна. Мекмареј тогаш паднал и се фатил за крилото, но не успеал да се додржи. Тој се пуштил од авионот, а кога се обидел да го активира падобранот, веќе било доцна.

Паднал на земјата и починал на самото место. Авионот и пилотот подоцна слетале безбедно.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Новиот канадски премиер одма го нападна Трамп: САД да покаже почит

Кина воведува царини за Канада

(ВИДЕО) Пукање во Торонто: Осомничениот во бегство откако рани најмалку 12 луѓе

Трудо: Трговската војна би можела да продолжи во догледна иднина

Трамп ги паузира и царините за Канада

Трудо: Трамп сака целосен колапс на нашата економија за да може полесно да нè припои

Горан Наумовски