Ужасната состојба во руските затвори во последно време е главна тема во јавноста откако на површина исплива видео снимката од која се гледа како затворски чувари брутално тепаат осуденик додека не почнал да моли за милост.
Причина за ваквото однесување на стражарите, Руската федерална затворска служба го правда со фактот дека 20-годишното момче осудено на три ипол години затвор, одбил да се откаже од својата цивилна гардероба, поради што морал да биде казнет.
ВНИМАНИЕ: Видеото содржи материјал кој може да ве вознемири.