ВИДЕО: Кадиров на заеднички тренинг го совладува шведскиот ММА борец Чимаев

Од:

Еден од најблиските соработници на рускиот претседател Владимир Путин е чеченскиот лидер Рамзан Кадиров кој е голем обожавател на Хамзат Чимаев, шведски борец по потекло од Чеченија, а со него се сретнал неколку пати.

Сега на интернет се појави видео од нивниот заеднички тренинг на кој Кадиров покажа многу умешност кога се во прашање боречките вештини. Во неколку наврати Кадиров успева да го совлада Чимаев и да го доведе во тешка позиција, од која еден од најдобрите ММА борци во светот се извлече дури откако му даде знак на својот ривал да се откаже.

Инаку, Хамзат Чимаев и Рамзан Кадиров се сретнаа во мај 2022 година, за време на посетата на шведскиот борец на неговата родна Чеченија. Потоа си размениле подароци, а не се знае дали снимката од тренингот е создадена во истиот период или на друга средба.

Би можело да ве интересира

Кадиров: Ќе ослободам 20 украински војници доколку ги укинат санкциите за мене и моето семејство

ВИДЕО: Синот на Кадиров познат по претепувањето затвореник доби орден „Херој на Чеченија“

Пејач бил убиен од чеченските власти кои наредиле: „Да се закопа како куче“

Се огласи Кадиров: Сакаме да живееме малку, но достоинствено

ВИДЕО: Кадиров наводно има сериозни здравствени проблеми: „На работ е на смрт“

Кадиров: Делимканов е жив и здрав, не е ни ранет

Ана Ололовска