Видео: Јужна Кореја и САД ја почнаа најголемата заедничка вежба во последните неколку години

Од:

Јужна Кореја и Соединетите Американски Држави ја почнаа денес најголемата заедничка воена вежба во последните неколку години со цел, како што е објавено, зајакнување на одбранбениот став против заканата од Северна Кореја со нуклеарно оружје.

Вежбата „Штит на слободата“, која се одржува во Јужна Кореја, ќе трае до 1 септември, а опфаќа маневри на терен со авиони, воени бродови, тенкови и потенцијално десетици илјади војници.

Во текот на вежбата, која почна заедно со четиридневна програма за обука на цивилната заштита на Северна Кореја, ќе бидат изведени симулации на здружени напади, снабдување на линиите на фронтот со оружје и гориво и отстранување оружје за масовно уништување.

Вежбата ја истакнува посветеноста на Вашингтон и Сеул да ги обноват заедничките тренинзи од голем обем, откако во последните години откажаа дел од своите редовни вежби и обуката ја сведоа на компјутерски симулации, за да отворат простор за заедничка дипломатија, се наведува.

Тензиите на Корејскиот Полуостров пораснаа откако преговорите на Вашингтон и Пјонгјанг за нуклеарно разоружување прекинаа, на почетокот на 2019 година.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Сменетиот јужнокорејски претседател се врати во својот стан со своите 11 кучиња и мачки

А1он

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина