ВИДЕО: Јутјубер сакаше да се прослави со скок од мост, заврши со скршен череп

Од:

Млад американски јутјубер заврши во болница со тешки повреди, меѓу кои и фрактура на черепот, откако скокнал од мост висок 30 метри во Остин, Тексас.

Саа Фомба го снимил скокот од мостот Пенибејкер, а снимката ја објавил на својот канал на Јутјуб по неколку дена поминати во болница.

„Се надевам дека ова видео ќе ве мотивира да ги бркате своите соништа,“ рекол Фомба додека се подготвувал за опасниот подвиг. „Не гледам што е забавно во нормалниот живот“.

По ова, на снимката Фомба се качува на мостот и скока. Од водата го спасил чамец, а на видеото се гледа и како тој лежи на брегот пред да пристигне Брзата помош.

Би можело да ве интересира

Кина издаде предупредување за ризик за туристите кои патуваат во САД

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции кон Иран

Канада возврати на царините на Трамп

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата