(ВИДЕО) Израелски доселеници нападнаа палестинско село, па палеа куќи

Од:

Вооружена група израелски доселеници во текот на ноќта го нападнала палестинското село Хирбет а-Туба, во јужниот дел на Хебронските Ридови на окупираниот Западен Брег, при што биле запалени неколку станбени објекти, јавуваат палестинските медиуми.

Според официјалната палестинска новинска агенција „Вафа“, повеќе жители, меѓу кои жени и деца, побарале лекарска помош поради вдишување чад по пожарите што избувнаa во селото.

Други палестински медиуми објавија дека во нападот биле повредени петмина Палестинци, но засега нема официјална потврда за тежината на нивните повреди.

По нападот, на повеќе места во селото биле испишани графити на хебрејски јазик со натпис „Ерец Јехуда“ („Земја Јудеја“). Овој израз често го користат израелски националистички групи како симбол на нивното историско и политичко тврдење за територијата на окупираниот Западен Брег.

Инцидентот дополнително ги зголемува тензиите во регионот, каде што во изминатиот период зачестија судирите и нападите меѓу израелските доселеници и палестинското население.

Би можело да ве интересира

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

„Џерузалем пост“: Арапските партии ја поддржаа опозицијата по изборите

Нетанјаху ја губи поддршката од долгогодишните сојузници, патот до мандат се отвора за Ајзенкот

Израел тврди дека Иран планира напади со хемиско оружје

А1он

Бен-Гвир повикува на освојување на цела Газа и преселување на Палестинците во Франција и Британија

Истрага на ОН: Израел продолжи да врши геноцид во Газа дури и по примирјето