Пожар во електрана во Русија резултираше со евакуација на 150 лица, објавија денеска руските режимски медиуми. Во пожарот се повредени три лица, а термоцентралата Новочеркаск престана да произведува топлина и струја.
In Russia, a fire broke out at the Novocherkassk State District Power Plant. This is a thermal power plant that supplies energy to part of the Rostov region, the state propaganda outlet RIA Novosti reports. pic.twitter.com/TC2pQOjfAZ
— Hromadske Int. (@Hromadske) June 14, 2023
Гувернерот на Ростовската област, Василиј Голубев, не потврди дека постојат никакви експлозии. Ростовската област се наоѓа покрај границата со Украина.
– Пожарот може да биде предизвикан од палење на гас за време на одржувањето, рече тој.