(ВИДЕО) Избувна пожар во нуклеарна централа, расте паниката во Јапонија

Од:

Пожар избувна во нуклеарната централа Шига во Јапонија по разорните земјотреси кои денеска ја погодија оваа земја, јавуваат јапонските медиуми.

Пожарот избувнал на трансформаторот во нуклеарната централа и истиот е изгаснат, соопштија надлежните без да дадат информации за штетите и можните последици.

Телевизискиот канал NHK наведува дека властите собираат информации за состојбата на нуклеарната централа Шика. Во моментов, првиот и вториот реакторски блок се исклучени, а кризниот штаб го интензивира мониторингот на контролните точки за нивото на радијација.

Да потсетиме, најсилниот земјотрес беше 7,5 степени според Рихтеровата скала, му претходеше земјотрес од 5,6 степени, а после тоа беа забележани повеќе од 40 земјотреси од кои најсилниот беше 6,2 степени според Рихтеровата скала.

Во многу области е издадено предупредување за цунами, а во тек е евакуација на одредени региони.

Повредени се голем број, а според последните информации шест лица се затрупани во урнатините на зградата која се урна во земјотресот.

Уништени се бројни патишта, што уште повеќе ги отежнува напорите на спасувачките екипи.

Да потсетиме дека јапонската нуклеарна регулаторна управа (НРА) објави дека нема проблеми со реакторите во ниту една од нуклеарните централи во областа погодена од разорните земјотреси.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 5,9 степени го погоди Авганистан

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Јапонија изгуби рекордни 900.000 жители за една година

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Во разорниот земјотрес во Мјанмар загина и Силиме која беше прва носителка на титулата „Мис туризам“

Кјодо: Најмалку 47 лица повредени во судир на два туристички автобуси