Италијанската полиција заплени суперјахта на рускиот милијардер Андреј Игоревич Мелниченко, соопшти денеска кабинетот на премиерот, неколку дена откако Мелниченко беше вклучен во списокот на санкции на ЕУ воведени поради руската инвазија на Украина.
Sanzioni contro la Russia:
A Trieste, nel rimessaggio del porto, è stato sequestrato dalla Guardia di Finanza lo yacht a vela più grande del mondo, del valore di 530 milioni di euro. Lo "SY A" è riconducibile all'imprenditore russo Andrey Igorevich Melnichenko. pic.twitter.com/xj0V728Qsa— Tg La7 (@TgLa7) March 11, 2022
Суперјахтата долга 143 метри, вредна 530 милиони евра, е запленета во Трст, соопшти владата.
Дизајнирана е од Филип Старк, а изграден од Нобискруг во Германија, и е најголемата едрилица во светот, соопшти владата. Мелниченко е сопственик на големиот производител на ѓубрива EuroChem Group и компанијата за јаглен SUEK.
Минатата недела, италијанската полиција заплени вили и јахти во вредност од 143 милиони евра од петмина Руси од висок профил на списокот со санкции.
Полициските заплени се дел од координирана акција на западните земји за казнување на богатите Руси поврзани со претседателот Владимир Путин.