Франција денеска излезе на „историски демонстрации“ поради пензиската реформа. Како што објавија синдикатите, во француските градови се очекуваат милион луѓе на улиците.
Огромен број демонстранти излегоа на улиците низ Франција денеска, на Меѓународниот ден на работниците, во услови на огромно незадоволство од реформите во пензискиот систем.
Претходно, откако беше донесена одлуката за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, Французите најавија „историски демонстрации“ за 1 мај.
🔴 LYON : et premiers gazages#Lyon #1erMai #manifestation #greve1ermai #Manif1erMai #FranceProtests #ReformeDesRetaites #Macron #IntervilleDuZbeul #IntervillesMacron pic.twitter.com/vBW2h2qNXd
— Bismuth Back (@Bismuthback) May 1, 2023
На улиците има голем број полицајци, а фрлен е и првиот солзавец, како што објавија корисниците на социјалната мрежа Твитер.
Демонстрантите веќе ги кршат излозите на продавниците во Лион, а се собираат во другите големи француски градови.