ВИДЕО: Исламисти објавија фотографии од заробениот пилот

Од:

Јорданските власти потврдија дека екстремисти на ИСИС заробиле еден нивен пилот, чиј што авион Ф16 бил соборен во тек на коалициските бомбардирања на север во Сирија.

-Јордан смета дека Исламска држава е одговорна за заробување на пилотот- се наведува во соопштението на властите во Аман.

Сириката опозициска Опсерваторија за човекови права соопшти дека џихадисти во близина на градот Рака, на север на Сирија собориле воен авион на силите на коалицијата и го заробиле пилотот.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун апелираше до припадниците на Исламска држава да постапуваат хумано кон заробениот пилот, изјави портпаролот на генералниот секретар Стивен Дијариц и додаде дека се загрижени поради континуираното насилство ширум државата, како и поради употребата на „барел бомби“ во населените области.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад