(ВИДЕО) Иран лансираше повеќе од 100 беспилотни летала кон Израел

Од:

Портпаролот на израелската војска денес изјави дека Иран лансираше повеќе од 100 беспилотни летала кон Израел во последните неколку часа, откако земјата вети дека ќе возврати на израелските напади, објави Скај њуз.

Портпаролот рече дека 200 израелски воени авиони учествувале во напади врз повеќе од 100 цели во Иран во текот на ноќта.

Израелската војска денес објави дека започнала напади врз неколку локации во Иран во текот на ноќта, и дека целите на нападите, меѓу другото, биле цели поврзани со нуклеарната програма.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека станува збор за „превентивни напади“ и дека во земјата е прогласена вонредна состојба, објави ABC News.

Би можело да ве интересира

Руските сили ноќеска соборија 44 украински дронови

А1он

ВИДЕО: Израел повторно нападна во Либан, двајца мртви

Таен извештај на САД: Израелските војници извршија стотици можни кршења на човековите права во Газа

Израел доби одобрение да напаѓа цели на Хамас од својата страна на „Жолтата линија“

Нема мир во Газа, за 24 часа загина над 100 луѓе

Техеран: Гроси знае дека нашата нуклеарна програма е за цивилни цели