ВИДЕО: Ирачката полиција на протестите во Басра уби двајца демонстранти, а повеќемина се повредени

Од:

Демонстрантите во јужниот ирачки град Басра се обидоа да ја запалат локалната канцеларија на парламентот откако безбедносните сили пукаа во воздух за да ја растераат толпата, пренесе Ал Џезира.

„Во денешните судири наjмалку осум полицајци се повредени“, изјави Али ал-Бајати портпаролот на ирачката Комисија за човекови права.

Учесниците на протестот се собраа за да побараат од парламентот да го отпушти гувернерот на провинцијата, откако двајца активисти беа убиени, а неколкумина беа повредени во три одделни напади од непознати вооружени лица.

Демонстрантите во знак на револт ја запалија надворешната порта на влезот во зградата на локалното преставништво на парламентот.

Ова е најнасилниот инцидент во Басра од октомвриските масовни антивладини демонстрации кога десетици илјади излегоа на улиците во земјата за да ја осудат владината корупција во Багдад.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак