Илјадници луѓе ноќеска присуствуваа на комеморацијата на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој минатиот понеделник беше убиен за време на полициско апсење во Минеаполис.
Познати личности, активисти за граѓански права, политичари, обични граѓани, пријатели и семејството на убиениот Флојд беа меѓу собраните на комеморацијата во капелата на Универзитетот.
Тие му оддадоа почит на Флојд стоејќи во тишина осум минути и 46 секунди, времето колку што офицерот Дерек Шовин го држел коленото на вратот на жртвата.
Градоначалникот на Минеаполис Џејкоб Фреј, на почетокот на комеморацијата се појави на комеморацијата, клекнајќи и плачејќи крај ковчегот на Џорџ Флојд.
Телото на Џорџ Флојд е положено во златен ковчег опкружен со цвеќиња, а покрај неговиот портрет, зад присутните беше поставен мурал со неговиот лик, пренесува „Гардијан“.
Свештеникот Ал Шерптон, кој ја водеше молитвата, кажа дека САД никогаш не биле „големи“ за црнците.
-Зборуваме за голема Америка. Голема за кого? Ние за првпат ќе ја направиме Америка голема за секого. Никогаш не беше голема за црнците. Никогаш не беше голема за Хиспаносите. Никогаш не беше голема за другите. Ниту за жените, рече Шерптон, пренесен од Си-Ен-Ен.
Тој, исто така, кажа дека САД се на крстосница и дека верува повеќе од кога и било претходно дека работите во земјата ќе се променат и дека приказната за Џорџ Флојд е приказна за црнците.
„Вече 401 години причината што не можеме да бидеме што сакаме и сонуваме е дека клекнувате на нашиот врат. Време е да застанеме во името на Џорџ и да речеме – Тргнете го коленото од нашиот врат!“
На комеморативната служба присуствуваа и свештеникот Џеси Jексон, сенаторката Ејми Клобучар и членовите на Конгрес, меѓу кои и добро познатите Тами Гибсон, Кевин Харт, Тифани Хедис и други.
Адвокатот на семејството Флојд, Бенџамин Крамп изјави дека не сакаат два правосудни системи во САД, еден за црнците и еден за белците.
-Џорџ Флојд не го уби пандемијата на коронавирусот. Другата пандемија, што многу добро ја знаеме во САД, го уби Џорџ Флојд, пандемијата на расизамот и дискриминација, рече Крамп.
Комеморацијата во Минеаполис е прва во низата, бидејќи комеморативните собири ќе се одржат во уште во два града во САД.